Огромна ајкула долга 7 метри снимена со дрон: Додека луѓето играле на плажа таа кружела околу брегот

Точка

16/05/2019

16:45

7.221

Големина на фонт

а а а

Таа се појавувала секој ден во последниот месец. Снимките од дрон покажуваат огромна ајкула долга седум метри како плива во близина на брегот Ким Беј во Ирска.

Морската ајкула пливала само неколку стотици метри од туристичката плажа.

Како што пренесуваат од Дејли стар, ајкулата се појавувала секој ден во последниот месец.


Ким беј некогаш бил домот на најголемиот лов на ајкули, каде што биле ловени дури 50 ајкули дневно. Меѓутоа, во осумдесетите години трговијата е запрена, а овој вид на ајкули е прогласен за загрозен.

Според податоците, дури 9.000 ајкули се уловени во периодот од 1950-та до 1964-та година. Последната ајкула е уловена во 1984-та година.

Како што пренесуваат експертите, прекумерниот риболов и недостатокот на разбирање на неговиот животен циклус довеле до критично намалување на бројот на ајкулите ширум светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг