Бошњаковски: Сите засегнати институции ќе постапат по пријавата од пратеникот Богоевски

Макфакс

16/05/2019

15:53

1.087

Големина на фонт

а а а

Сите засегнати институции ќе постапат по пријавата на пратеникот Павле Богоевски, најави денес портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Како Влада, Бошњаковски рече дека нема да се изјаснат за однесувањето на пратеникот.

„Владата во минатото секогаш се изјаснувала кога се случувале настани со именувани функционери од Владата во однос на нивната одговорност во одредени настани коишто се случиле. Во овој случај, имајќи предвид дека се работи за пратеник, којшто е дел од законодавната власт, сметаме дека овој одговор потребно е да го дадат во Собранието. Инаку, конкретно по однос на поднесената пријава од пратеникот, можеме да кажеме дека сите засегнати институции ќе постапат според прописот со цел расветлување на случајот, особено снимањето, емитувањето на материјалот што е забранет, како и за самоиницијативно поднесената пријава од страна на пратеникот Павле Богоевски“, рече портпаролот Бошњаковски.

Вчера попладне, по објавата на снимката со наслов „Пајо нарачува кокаин“, пратеникот Павле Богоевски сам се пријавил во Полициската станица Центар оти нарачувал канабис, а поднел пријава и против непознат сторител за нелегално снимање и емитување на снимката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг