Италијански дизајн и Американски мускули: Легендарниот De Tomaso се враќа на пазарот

Точка

16/05/2019

17:13

2.148

Големина на фонт

а а а

De Tomaso ќе го претстави својот нов модел на овогодинешното издание на познатата манифестација Goodwood Festival of Speed.

Засега има малку информации околу тоа што ќе претстави De Tomaso во Goodwood. Новиот модел ја носи мистериозната развојна ознака “Project P”, а познато е дека на развојот на новиот модел на компанијата работи истата екипа која го создаде фантастичниот “Apollo IE”.

Иако помладите генерации не се запознати со овој бренд, De Tomaso важи за една од најлегендарните компании во автомобилската индустрија. Според многумина, овој бренд е спој на италијанскиот дизајн и американските мускули кога станува збор за погонот.


Во Goodwood би требало да го претстават својот нов модел за да одбележат 60 години од своето постоење и сигурно е дека ќе го привлечат вниманието на целата светска стручна јавност.

Најпознатиот автомобил на оваа компанија е познатата Pantera која се произведуваше во периодот од 1971-ва до 1992-ра година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг