Мажите конечно открија која боја на очи и коса најмногу ја сакаат кај жените

Точка

16/05/2019

12:42

5.130

Големина на фонт

а а а

Најновото истражување е направено на повеќе од 2000 мажи, а тие потврдија како изгледа совршената жена. Можеби ќе се изненадите, но русокосите не се најфатални жени според мажите.

Повеќето мажи имаат свој тип на жена која ја сметаат за привлечна. Иако за вкусовите не треба да се расправа сепак неодамна британското истражување утврдило која комбинација на боја на очи и боја на коса кај жените најмногу ја сака поголемиот дел од мажите.


Од испитани 2000 мажи, 60 отсто изјавиле дека најмногу сакаат жени со смеѓи коси и со сини очи. 

Интересни биле и останатите податоци добиени од истражувањето. 33 отсто од нив сметаат дека најатрактивни се бринетите додека пак 29 отсто од мажите преферираат жени со црна коса. Тоа значи дека 62 отсто од мажите сакаат жени со темна коса.


Само 30 отсто од нив изјавиле дека сакаат русокоси, а 9 отсто ги привлекуваат црвенокоси.


Што се однесува до бојата на очи, мажите најмногу сакаат сини очи, а потоа зелени очи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk