Фановите на Игра на тронови покренаа петиција за доработување на осмата сезона: За три дена собрани 257.000 потписи

Точка

16/05/2019

11:25

3.967

Големина на фонт

а а а

„Оваа серија заслужува последна сезона која има смисла. Изневери ги моите очекувања и направи тоа да се случи, HBO!“

Фановите на Игра на тронови покренаа петиција за осмата сезона да се напише и сними отпочеток. Петицијата до четвртокот во 10 часот достигнала до 257.000 потписи, а бројот расте секоја секунда.

„Дејвид Бениоф и Ден Вајс покажаа дека се неспособни писатели кога немаат веќе готов материјал на кој ќе се потпрат (книга). Оваа серија заслужува последна сезона која има смисла. Изневери ги моите очекувања и направи тоа да се случи, HBO!“ - напишано е во петицијата објавена на сајтот Change.org.

Осмата и последна сезона од Игра на тронови чија последна епизода ќе се емитува во три часот по полноќ, во понеделник, многумина ги остави разочарани.

Петтата епизода, „Ѕвона“ намерно ги налути гледачите заради наглата промена во ликот на Денерис Таргериен која неочекувано го запали Кралството, пишуваат од Independent.


Епизодата на Rotten tomatoes доби оцена 47/100 што претставува најниската оцена за оваа серија досега, а многу од родителите кои на своите деца им го дале името Денерис најавиле тужба против творецот на оваа серија.

Игра на тронови е една од најсаканите и најгледани серии на сите времиња затоа гледачите лично го доживеаа ваквиот крај.

Како изгледало снимањето на 5-та епизода погледнете во следното видео:




Спонзорирани линкови

Маркетинг