Американската вселенска агенција НАСА објавила фотографии од местото на Месечината на кое се срушило израелското вселенско летало „Beresheet“. Вселенското летало паднало на месечевата површина во текот на неговото слетување минатиот месец, а црно-белите фотографии го покажуваат изгледот на местото пред и после падот на вселенското летало.
На тоа место на 11-ти април првата мисија на организацијата SpaceIL завршила неуспешно заради дефект на моторот на вселенското летало.
Lunar Reconnaissance Orbiter (LRO) на НАСА го фотографирал местото на падот на вселенското летало на 22-ри април, на само 90 километри над површината, а забележана е темна дамка широка околу 10 метри. Таа дамка не е забележана на фотографиите кои настанале минатата година.
Yes, we scratched the Moon alright!
— Yoav Landsman 🚀🌓 (@MasaCritit) May 15, 2019
Thank you @LRO_NASA team for the images.#Beresheet @TeamSpaceIL
source: https://t.co/QU240pCfKv pic.twitter.com/UARF4vkZ7A
Вселенското летало Beresheet што на хебрејски значи “на почеток“, требало да биде првото израелско вселенско летало финансирано од приватни средства кое слетало на Месечината. Досега тоа им успеало на Русите, Американците и Кинезите кои успешно завршиле контролирани, “меки“ летови на површината на Месечината. Наспроти неуспехот кој се случил, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најавил дека државата ќе ја поддржи новата мисија на Месечината.