Како би изгледала војната во Венецуела? Би предизвикала големи жртви, би чинела многу пари и ќе го ослабе имиџот на САД

Точка

15/05/2019

20:24

3.587

Големина на фонт

а а а

Инвазијата на Венецуела би ги чинела САД многу повеќе од војните кои досега ги воделе, би предизвикала огромни човечки жртви, сметајќи ги и американските војници, и дополнително би го нарушила и онака слабиот имиџ на Вашингтон во Јужна Америка, проценуваат геополитичките аналитичари.

Списанието "Надворешна политика" ги објаснило сите катастрофални можности на таквата интервенција. 

САД можат да употребат жестоки воздушни удари, што редовно и прават кога ќе нападнат некоја земја, но, бидејќи се мали шансите тоа да донесе поволен резултат - смена на Мадуро, преостанува само инвазија, односно влегување на барем 150.000 американски војници во таа земја.

Венецуела има 33 милиони жители, два пати поголема територија од Ирак и 160.000 војници под оружје, како и разни левичарски воени организации кои би застанале на страната на Владата во Каракас. Таквата американска операција би траела со години, би чинела многу пари и сосема би го нарушила американскиот надворешнополитички кредибилитет.

Сите кои би извршиле инвазија би морале да се концентрираат и на нафтените полиња, аеродромите, комуникациската инфраструктура, и објектите на Владата.

Инвазиите на Авганистан и Ирак ги задржале американските војници речиси две децении на тие простори, а речиси 2 милиони Американците биле директно вклучени во нив.

Во текот на тие две операции, според некои извори, загинале 7.000 припадници на американската војска, а енормните трошоци и натаму се фактурираат.

Инвазијата на Венецуела би се одразила и на внатрешната ситуација во САД и големо прашање е како американската јавност би гледала на уште една голема војна во друга земја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг