Најстариот човек на светот умрел на 123 години: Тврдел дека тајната на долгиот живот е 11 часа сон и свеж зеленчук и месо

Точка

15/05/2019

20:11

7.259

Големина на фонт

а а а

Се борел за Црвената армија во руската граѓанска војна, имал 8 деца и 34 правнуци.

Рускиот овчар Апаз Илијев, кој тврдел дека е роден за време на последниот руски цар, умрел на 123 години, објавиле руските медиуми. 

Дека Илијев е најстар човек на светот никогаш не било докажано, бидејќи документите за неговото раѓање биле изгубени, па неговата возраст не можела да се потврди.

Илијев својот долг живот го припишувал на фактот дека спие по 11 часа дневно. Велел дека секоја вечер легнувал во околу 19 часот, а станувал во 6 часот за да го изведе своето стадо. Избегнувал лекари и лекови колку што можел повеќе, иако на 121 година го оперирал окото.

Јадел само свеж зеленчук од својата бавча и домашно месо кое го купувал во своето село Гули. Исто така, редовно пиел млеко и свежа изворска вода.

Се борел за Црвената армија во руската граѓанска војна од 1917-та до 1922-ра година, а во Втората светска војна не учествувал бидејќи бил прогласен за престар да и се приклучи на војската, па остатокот од животот го живеел како овчар.

Иамл осум деца, 35 внуци, 34 правнуци и неколку праправнуци.

Оние кои го познавале рекле дека бил многу љубезен човек кој го сакал својот живот.

Официјално, најстара личност на светот била Сара Кнаус од САД, која умрела во 1999-та година, на возраст од 119 години и 97 дена.

Некои оваа титула и ја припишуваат на Жани Калмент, Французинка за која било утврдено дека имала 122 години и 164 дена кога умрела во 1997-ма година, меѓутоа и кај неа постоеле проблеми кога станувало збор за идентификацијата.

Најстариот маж кој некогаш живеел бил Јироемон Кимура од Јапонија, кој имал 116 години и 53 дена кога умрел во 2013-та година.

Моментално најстара личност на светот е Кане Танка од Јапонија, кој има 116 години и 127 дена.

Инаку, во Либан живее дедо кој тврди дека има 125 години, но за тоа не постојат никакви докази.



Спонзорирани линкови

Маркетинг