Овој потпис на Трамп ќе ги разбесни Кинезите: Оваа наредба удира на познатата технолошка компанија која САД ја обвинува за шпионажа

Точка

15/05/2019

17:59

3.531

Големина на фонт

а а а

Се очекува претседателот на САД, Доналд Трамп, оваа седмица да ја потпише извршната наредба со која на американските компании им се забранува да користат телекомуникациска опрема од компанијата која претставува ризик по националната безбедност, со што се отвара патот за забраната за работење со кинески "Huawei".

Наредбата, во која ќе бидат наведени конкретни земји или компанија, се разгледува повеќе од една година, но во повеќе наврати била одложувана, рекле за британската агенција тројца американски службеници запознаени со овој план, со молба да не бидат именувани. 

Додале дека потпишувањето би можело повторно да биде одложено.

Извршната наредба би се повикала на Меѓународниот закон за вонредни економски овластувања - IEEPA, кој на претседателот му дава можност да донесе регулатива во сферите на економијата во случај на закана по националната безбедност.

Наредбата би требало да биде доставена до Министерството за економија, кое во соработка со другите владини агенции треба да направи план за нејзино спроведување, навеле изворите.

Доколку биде потпишан, овој документ ќе дојде во многу деликатно време во односите меѓу САД и Кина, двете најголеми светски економии кои водат трговска војна со кревање на царините.

Вашингтон смета дека опремата која ја произведува "Huawei", третиот најголем произведувач на паметни телефони на светот, би можела да ја користи кинеската држава за шпионажа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг