Претседателот на Кина: Глупаво е да се верува во надмоќта на една раса или култура

Точка

15/05/2019

17:36

1.993

Големина на фонт

а а а

Кина само ќе биде поотворена кон светот, изјавил денес претседателот на оваа држава, Кси Џинпинг, и ги прогласил за глупави оние кои веруваат во културна надмоќ.

Обраќајќи се на форумот во Пекинг со име "Конференција за дијалог на азиските цивилизации", која ја организирало Министерството за пропаганда, Кси рекол дека кинеската цивилизација е "отворен систем" кој континуирано разменувал и учел од другите култури, вклучувајќи го будизмот, марксизмот и исламот, пренесува "Reuters". 

"Денешната Кина не е само кинеска Кина, туку азиска Кина и светска Кина", навел Кси и додал дека Кина во иднина ќе има поотворен став кон светот.

"Ниедна земја не може да биде сама", рекол претседателот.

"Цивилизациите ќе ја изгубат виталноста ако земјите се вратат во изолација се отсечат од остатокот на светот", рекол кинескиот претседател.



Спонзорирани линкови

Маркетинг