Парондо си ја отвори душата: Иднината на Вардар е комплицирана, ама Македонија, Скопје и навивачите не смеат да загубат ваков тим

Дерби

15/05/2019

20:03

1.490

Големина на фонт

а а а

Вардар до крајот на оваа сезона го очекуваат уште два предизвици, одбрана на титулата во домашниот шампионат и настапот на завршниот турнир во Лигата на шампионите, но во меѓувреме и понатаму постои неизвесност околу иднината на клубот.

Има одредени поместувања, ветувања, меѓуоа засега нема ништо официјално, а тоа уште еднаш го потврди тренерот на вардарци, Роберто Гарсија Парондо кој си ја отвори душата во интервју за најпрестижните медиуми во Шпанија „Мундо Депортиво“.

-Никој не земал плата и за тоа ќе треба време, иако претседателот рече дека ќе ни плати сè што ни должи. Сите сме во слична ситуација, ни должат шест, седум, осум месеци плата. На никого не му се допаѓа оваа ситуација, ама ние сме фокусираме на нашата работа. Да се биде на завршниот турнир е сон за секого. Ако ги додадете сите проблеми што ги имавме, ова е награда за сè што страдавме во оваа сезона, -рече Парондо и додаде:

-Пред неколку дена се отвори можност за спас на клубот. Поранешниот претседател прави напори да добие поддршка од владата и други спонзори, ама ништо не е сторено, ова се уште се само ветувања. Иднината на Вардар е многу комплицирана. Иако луѓето сакаат, буџетот за кој што зборуваат нема да биде доволен клубот да продолжи на највисоко ниво. Македонија, градот и навивачите не смеат да загубат ваков тим, -рече Шпанецот кој проговори за мотивацијата на клубот, играчите и тоа како оваа сезона успеаа да дојдат до завршницата на ЛШ.

-На почетокот на сезоната сите ги забележавме пишувањата дека Вардар не е ни меѓу ниту десетте фаворити во Лигата на шампионите и тоа ги мотивираше играчите. По имиња, екпиата немаше многу квалитет, но работевме квалитетно со тоа што го имаме и многу сум горд како играчите работеа и среќен поради она што го направија, -заклучи стратегот на „црвено-црните“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг