Знаете ли од каде Земјата го добила златото?

Точка

15/05/2019

17:46

4.209

Големина на фонт

а а а

Научниците веруваат дека за скапоцените метали како што се златото и платината можеме да се заблагодариме на судирот на две неутронски ѕвезди пред околу 4,6 милијарди години.

Неутронските ѕвезди се неверојатно густи и тешки небесни тела. Кога две вакви тела ќе се судрат, последиците се насилни во епски размери.

Еден таков судир се чини дека се случил пред 4,6 милијарди години во близина на нашиот Сончев систем, на оддалеченост од околу илјада светлосни години, пред да настане самата планета Земја.


Кога тоа би се случило денес, радијацијата која би настанала би можела целосно да го осветли ноќното небо. Но, воедно би биле распрскани огромни количини на тешки елементи во облак на прашина од каков што настанал токму Сончевиот систем.

Научниците проценуваат дека 0,3% од тешките елеменети завршиле на Земјата токму како последица на тој судир. Тоа значи дека секој од нас во себе има премногу мала количина на такви елементи, најчесто во облик на јод, пренесува Digital Trends.


Научниците Шаболс Марка и Имре Бартос ги следеле влијанијата од судирот на неутронските ѕвезди, така што го проучувале составот на метеоритите и го споредувале со своите симулации од Млечниот пат.

Со оглед на тоа што имаат настанато на самите почетоци од формирањето на Сончевиот систем, метеоритите содржат траги од радиоактивни изотопи кои можат да послужат како маркери со чија помош можно е да се одреди колку се стари и каде настанале.

Резултатите од истражувањето се објавени во магазинот Nature.



Спонзорирани линкови

Маркетинг