Гледањето на филмови никогаш не било подобро: Во оваа кино сала наместо столчиња има кревети

Точка

15/05/2019

16:12

2.386

Големина на фонт

а а а

Кој не би сакал да лежи во кревет додека гледа добар филм?

Колку пати сте помислиле дека би било убаво да легнете во кино додека гледате филм кој неколку месеци сте го чекале да се појави на репертоарот? 

Во Швајцарија таа мисла ја претвориле во дело, па отвориле "соба" односно кино-сала која наместо класични седишта има кревети.

Ова интересно место за љубителите на седмата уметност се наоѓа во Спреитенбах во близина на швајцарско германската граница.

Моментално во понудата имаат 11 кревети со постелнина во сива и беж боја, а има и столни лампи, софи, ќе добиете и папучи, пренесува "Klix.ba".

Доколку платите 50 евра, колку што чини VIP третман, со картата добивате и храна и пијалаци и не мора да чекате во ред. "Обичните карти" чинат околу 20 евра.

Вработените велат дека посетителите не треба да се грижат за хигиената бидејќи по секоја проекција ја менуваат постелнината.

Паровите со деца, своите мали можат да ги остават во салата во која се поставени лејзи бегови, тобогани и точиња, а картата за едно дете чини 15 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг