Следните 24 часа циклонот „Андреа” доаѓа и во Македонија

Нетпрес

14/05/2019

12:51

2.944

Големина на фонт

а а а

Во следните 24 часа нашата територија се очекува позначително да подпадне под влијанието на „Андреа“ па така се очекуваат нови поинтензивни врнежи од дожд и значително количество на воден талог (локално над 50 л/м2).

Локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека на некои места процесите се очекува да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и појава на град па токму поради ваквата ситуација крајна претпазливост и во случан на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Доста нестабилно време ќе се задржи и во следните денови со што и понатаму ќе се зголемува количеството на воден талог па така има услови за локални поплавувања но и за зголемувања на нивоата на реките и на езерата низ Македонија а можно е и локално нивно излевање.

Инаку пак „Андреа“ во регионот направи огромни штети и предизвика поплави и излевање на реките а полека на високите места врнежите од дожд поминуваат во снег со што се очекува и формирање на нова снежна покривка а температурите на воздухот значително ќе се намалат. Снег на најнвисоките планини се очекува да падне и во нашата држава.

Инаку во следните 24 часа предупредување за опасност за невреме и за локални поплавувања има и од Европскиот центар за бури.



Спонзорирани линкови

Маркетинг