Инстаграм ја тестира опцијата за купување на артикли од инфлуенсерки

Точка

10/05/2019

20:45

1.624

Големина на фонт

а а а

Еден клик и имате фустан како Ким Кардашиан.

Инстаграм постојано претставува некои нови функции и се труди социјалната мрежа да ја прилагоди кон потребите на младата популација.

Во тестирањето на новиот сервис Instagram Checkout, кој помага во купувањето без да ја напуштите апликацијата, веќе учествуваат познати брендови, како што се: Најк, Диор, Прада, H&М, Зара.


Следниот чекор на компанијата е купувањето да го направи уште попогодно за корисниците на Инстаграм, така што тие ќе можат да ги купуваат своите омилени артикли директно од своите омилени инфлуенсерки.


Значи сега многу лесно ќе можете да ги набавите истите парчиња облека од вашата омилена блогерка или инфлуенсерка.

Првите кои ќе можат да ја пробаат оваа функција се следбениците на Ким Кардашиан, Кајли Џенер, Клои Кардашиан и Џиџи Хадид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг