Меган и Хари го открија името на својот новороден син

Точка

08/05/2019

21:40

5.001

Големина на фонт

а а а

Британското кралско семејство на Инстаграм соопшти дека новородениот син на принцот Хари и неговата сопруга Меган ќе го носи името Арчи Харисон Маунтбатен Виндзор.

„Војводата и војвотката од Сасекс со задвоволство објавуваат дека своето шрво дете го нарекуваат Арчи Харисон Маунтбатен Виндзор. Ова попладне кралицата Елизабета се запозна со своето осмо правнуче. Присутни беа и војводата од Единбург и мајката на војвотката“, стои покрај објавата на која се кралицатта и принцот Филип и мајката на Меган, Дорија.

Најмладиот припадник на британското кралско семејство е седми по ред на тронот и осми правнук на кралицата Елизабета. Младите родители за британските медиуми велат дека бебето е многу мирно и дека се остварил нивниот сон.

Хари и Меган го претставија името на бебето само неколку часа откако првпат го претставија во јавноста во дворецот Виндзор.


Меган Маркл роди син во понеделникот во 5:26 часот по локално време. Како што тврдат британските медиуми, војвотката добила болки во неделата вечерта, а тајната служба ја префрлила во приватна болница во Лондон. Со Меган цело време беа нејзиниот сопруг, принцот Хари, и мајка ѝ Дорија. Породувањето поминало без компликации, а војвотката не бараше царски рез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг