За време на првото претставување на новото кралско бебе, принцот Хари и Меган не ја сокриле среќата, а со новородениот син, само два дена после породувањето, позирале во Винсдор.
Парот веќе е познат по тоа што за време на доаѓањето на бебето на свет, ја прекршил речиси секоја традиција на кралското семејство, а исклучок не било ниту фотографирањето.
Иако во примерите на Кејт и Дајана се гледа дека е вообичаено мајката да го држи бебето, овде тоа не е случај. За време на фотографирањето, принцот Хари го држел во раце својот син, додека Меган стоела покрај него и постојано ги допирала.
Хари и Меган пред фотографите стоеле неколку минути, а фотографиите од бебето го обиколија светот. Новинарите рекле дека сè уште не се сигуни на кого наликува бебето, бидејќи од ден на ден се менува. Исто така откриле дека бебето било многу мирно.
„Не знам на кого е таков“, се пошегувал Хари.