Овој турски град заедно го граделе христијани и муслимани: Неговата бурна историја фасцинира многумина, а жителите се познати по бројните занаети

Точка

08/05/2019

16:04

5.174

Големина на фонт

а а а

Мардин се наоѓал на најпознатата караванска рута во историјата, позната како Пат на свилата.

Во југоисточна Турција, во провинцијата Мардин сместен е истоимениот град, кој е слика и прилика на целокупниот турски диверзитет и култура. Се наоѓа на само 30 километри од северната граница со Сирија и е на листата на светски наследства на УНЕСКО. 

Поглед на некогашна Месопотамија

Мардин, меѓу другото, е град специфичен по својот изглед и локација. Се сместил на една страна на брдо каде куќите се положени степенасто, а од нивните кровови има поглед на непрегледната рамнина на некогашна Месопотамија, односно на долините на реките Тигар и Еуфрат.

Мардин се наоѓал на најпознатата караванска рута во историјата, позната како Пат на свилата.

Одиграл важна улога во развојот на христијанството и бил центар на сириската православна црква. Во него жителите се Арапи, Курди, Сиријци и Турци и се зборуваат повеќе јазици. Од религиска перспектива, станува збор за соживот на две вери бидејќи во Мардин живеат и муслимани и христијани, а разни култури минале низ овој град. Секоја од нив зад себе оставила многу ремек дела.

Сите убавини на арапската архитектура

Минувајќи низ тесните улички на градот, крај крововите на куќите кои служат како тераси и градини, ќе видите бројни џамии, цркви и самостани и интересни премини под куќите.

Градот својот сегашен изглед го добил за време на династијата Артукид, која владеела од 12-ти до 15-ти век.

Што може да се види таму?

Прошетката низ Марди, каде мирно се одвива соживотот на различните култури и вери, сама по себе е вистинско доживување. Но, од познатите атракции тука се сириската православна црква од 10-ти век, исламско училиште, Голема џамија и Цитадела.

Можете да го посетите и Сакип Сабанци Мардин музејот за да се информирате за бурното минато на овој град, а за да го разберете дневното темпо, посетете го пазарот.

Вредни раце на домашните жителите

Жителите се познати по работата со сребро, како и изработката на сапун. Славено е и маслиновото масло.




Спонзорирани линкови

Маркетинг