Хјустон го израмнија резултатот во серијата со Голден Стејт

Макфакс

07/05/2019

09:50

439

Големина на фонт

а а а

Хјустон Рокетс ги победија Голден стејт Вориорс 112:108 што значи дека го израмнија резултатот во полуфиналната серија во Западната конференција на 2:2.

Харден и екипата од средината на втората четвртина ја контролираа играта, во третата имаа двоцифрена предност која ја одржуваа и во последната четвртина. Сепак Вориорс успеаја да се вратат во мечот, Харден на 11 секунди до крајот погоди едно слободно фрлање за 111:108.

Вориорс имаа акција преку Дурент кој не успеа да обезбеди продолжение, потоа се обиде и Кари но и тој не погоди.

Харден со 38 поени, 10 скока и 4 асистенции беше најефикасен кај Хјустон, Ерик Гордон постигна 20, Пи Џеј Такер 17, а Крис Пол забележа 13 поени, 8 скока и 5 асистенции.

Дурент со 34 поени го предводеше Голден стејт, Кари постигна 30, Грин имаше 15 поени и 10 скока, а потфрли Томпсон кој постигна само 11 поени.

Бакс под команда на Адетокумбо ги победија Селтикс

Кошаркарите на Милвоки Бакс се на чекор од пласманот во конференциското финале. Бакс водат во серијата со Бостон Селтикс со 3:1, откако победија во четвртиот меч 113.101.

Бакс, уште еднаш демонстрираа сила против Селиткс и покажаа зошто го имаа најдобриот резултат во лигата, во основниот дел од сезоната. Селтикс победија во првиот меч, а Бакс возвратија со три победи во низа, од кои последните две се издвојувани во Бостон.

Милвоки ги дели една победа од финалето во Источната конференција каде последен пат играа во 2001 година.

Јанис Адетокумбо уште еднаш го предводеше својот тим до победата. „Грик Фрик“ натпреварот го заврши со 39 поени (17 во последната четвртина), 16 скока и 4 асистенции, Ерик Бледсо и Крис Мидлтон постигнаа по 13 поени, а Џорџ Хил одлично го замени Малком Брогдон и мечот го заврши со 15 поени и 6 скока.

Поразениот тим го предводеше Кајри Ирвинг со 23 поени и 10 асистенции, Ал Хорфорд имаше 20 поени, 6 скока и 5 асистенции, а дабл-дабл забележаа Маркус Морис (18 поени, 14 скока) и Џејсон Тејтум (17 поени, 10 скока).



Спонзорирани линкови

Маркетинг