Се огласи таткото на Меган Маркл после раѓањето на внукот и сите ги изненади со пораката која ѝ ја испратил на својата ќерка

Точка

06/05/2019

21:33

7.696

Големина на фонт

а а а

Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл, рекол дека денеска е пресреќен поради раѓањето на својот прв внук и дека е горд што детето ќе му служи на британското кралско семејство, објавија „The Sun“.

„Горд сум што мојот внук е роден во британското кралско семејство и сигурен сум дека ќе порасне и ќе ѝ служи на круната и на народот во Британија со благодат, чест и достоинство“, рекол овој поранешен холивудски директор.


Тој на детето му посакал добро здравје и среќа, пренесува Ројтерс.

„Честитки и за мојата драга ќерка, војвотката Меган и принцот Хари, нека Бог ја чува кралицата“, заклучил Томас Маркл.

Меган се породи рано утрово, а бебето ќе биде седмо во редот за британскио трон, после принцот Чарлс, принцот Вилијам, неговите три деца и својот татко, принцот Хари.


Томас не зборувал со својата ќерка од кралската венчавка која беше минатиот мај, кое морал да го пропушти поради срцев удар.

После неколку интервјуа, Меган и Хари го избришале од нивните животи. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг