Идните Самсунг телефони нема да имаат видлива „селфи“ камера?

Точка

06/05/2019

16:43

2.950

Големина на фонт

а а а

Денешните паметни телефони не се во можност во целост да имаат екран на целата предна површина, со оглед на тоа дека во тоа им пречи предната камера.

Како единствено решение за тоа, на врвот на екранот ќе има засек „notch“, во кој ќе бидат сместени компонентите или отворот на екранот „punch hole“, во кој ќе биде сместена „селфи“ камерата.

Самсунг наскоро би можел тоа да го промени и да лансира уреди со „совршен“ full-screen екран. Корејската компанија потврдила дека развива технологија која треба да овозможи камерите да бидат под екранот на мобилниот уред.

Тоа би можело да им овозможи да дизајнираат телефони кои ќе имаат моќ да прикажуваат преку целиот екран, а да не се потпираат на досегашните решенија поради кои се губел или квалитетот на камерата или на функционалноста на екранот.

Ова не е првпат Самсунг да открие дека работи на технологија од овој тип, со оглед на тоа дека претходно можеше да се слушне дека компанијата го истражува тоа поле и дека планира новите решенија да ги примени во своите идни производи.

Сe уште не е познато кога би пристигнала новата технологија на Самсунг телефоните. Експертите претпоставуваат дека тоа би можело да се случи наскоро, со оглед на тоа дека сензорот за отисок на прст веќе се најде под екранот на многу телефони, па слични решенија можат да се применат и на камерата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг