Јоханес Хан му ја честита победата на Пендаровски

Точка

05/05/2019

23:51

1.994

Големина на фонт

а а а

Европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

"Честитки до Стево Пендаровски за неговиот избор за претседател на Република Северна Македонија, со нетрпение очекувам континуирана соработка за ЕУ агендата во контекст на минатогодишните заклучоци на Советот кои го отворија патот кон старт на преговорите за членство во јуни", напиша Хан. 

Комесарот додаде и дека Северна Македонија може да смета на континуираната поддршка од ЕУ за европската перспектива на земјата, согласно аспирациите на народот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг