Стево Пендаровски прогласи победа: “Ќе им служам посветено на сите”

Точка

05/05/2019

22:25

3.836

Големина на фонт

а а а

Од штабот на претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата се обратија Стево Пендаровски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кои прогласија победа на претседателските избори.

“Ви благодарам граѓани и граѓанки, Македонци, Албанци, Роми, Турци, Бошњаци, Власи и сите други кои на кристално чисти избори одлучивте да продолжиме заедно напред. Ова денес беше нашата достоинствена победа, ова беше нашиот мудар народ, кој независно од етничка или политичка припадност се обедини и рече заедно напред, никако повеќе режим”, изјави Пендаровски. 

“Свечено сакам да објавам дека ќе им служам посветено на сите. Исходот од претседателските избори значи загарантиран пат напред во сојузите на НАТО и ЕУ. Излеговме од темното дно. Овие избори се победа на обединувањето и заедништвото, бидејќи само така е возможно да одиме напред. Се придружувам на водството во оваа држава. Ќе се залагам за правичност и правна држава, ќе обединувам, нема да делам. Ќе бидам фактор на стабилност, а не фактор на кризи. Благодарам за поддршката на Зоран Заев и на 31-та политичка партија. Благодарам и до моите противкандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река. Ќе бидам претседател на сите. Ќе бидам претседател на државата од која нема да се срамите, и тука и во странство. Продолжуваме напред”, рече Пендаровски, кој се заблагодари и на албански јазик.

“Патот е потврден и поплочен со успех. Република Северна Македонија со сигурност продолжува напред. Ова е победа на граѓаните и на Републиката. Денес сите може да славиме бидејќи покажавме дека земјата е европска. Имаме беспрекорно чисти избори во двата изборни круга. Покажавеме дека сме подготвени за Европа. Од денес никој не може да застане на патот на прогресот и перспективите. Од преброени 96 отсто од гласовите Стево Пендаровски освои над 423.000 гласови, а Силјановска нешто над 368.000 гласови, тоа е разлика од 55.000 гласови. Вечерва имаме и победа во Охрид, Константин Георгиевски победи со повеќе од 3.800 гласови. Победивме и во Ново село. Браво граѓани од различни етнички заедници и различни политички определби. Заслужуваме да одиме напред, нашето место е во ЕУ и НАТО. Нема веќе режим, никогаш повеќе. Мицкоски е поразен, поразени се деструктивните и политиките на немање став. Како власт остануваме посветени на нашите приоритети. Прво нашата земја станува членка на НАТО, продолжуваме да ги насочуваме парите кај граѓаните, ќе ги корегираме слабостите кај функционерите” - порача Заев.

Тој на Пендаровски му порача да биди секогаш критичен и правичен и да ги чува граѓаните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг