ДИК: Постигнат е цензус, излезноста до 18:30 часот е 44,5 проценти

Точка

05/05/2019

19:26

1.976

Големина на фонт

а а а

На редовната прес конференција, Државната изборна комисија излезе со информација дека излезноста на вториот круг од претседателските избори до 18:30 часот изнесува 44,5 проценти.

Гласањето се одвива тековно и нема пријавено нерегуларности на гласачките места, информира директорот на ДИК, Оливер Дерковски. 

Тој посочи дека од вкупно обработени 97,6 проценти од податоците од избирачките места досега гласале 795.577 гласачи. Со тоа е постигнат цензусот од 40 отсто за избор на претседател на државата во вториот круг од изборите.

Во вториот круг излезноста е поголема отколку во првиот, одржан пред две недели. Тогаш до 18.30 часот гласаа 39,8 проценти од гласачите запишани во избирачкиот список.

Како што соопштија од ДИК, поголема излезност има во следниве градови: Битола 53,26 %, Вевчани 65,23 %, Гевгелија 66,17 %, Демир Хисар 67,12 %, Дојран 65,52 %, Кавадарци 61,15 %, Карпош 55,91 %, Крива Паланака 70,49 %, Крушево 66,97 %, Македонски брод 66,87 % и Неготино 65,21 %.



Спонзорирани линкови

Маркетинг