До 15 часот на претседателските избори гласале 30,14 отсто од избирачите

Нетпрес

05/05/2019

17:48

991

Големина на фонт

а а а

До 15 часот на гласање во вториот круг од претседателските избори во неделата гласале 30,14 отсто од избирачите, соопшти Државната изборна комисија, по обработени 99,50 проценти од 3.512 избирачки места.

Според тоа, досега 542.210 гласале граѓани со право на глас од вкупно 1.808.131 гласачи во Избирачкиот список.

За да биде успешен вториот круг, односно севкупно претседаетлските избори, неопходно е да гласаат 40 отсто од избирачите, односно точно 723.252 гласачи. Во првиот круг, кога во изборната трка учествуваа тројца кандидати, излезноста до 15 часот изнесуваше 28,2 отсто, или 507.129 гласачи.

Најголема излезност по општини има во Македонски Брод – 49,45, Крива Паланка – 52,61, Демир Капија – 49,17 и Демир Хисар – 48,09 отсто. Најмала, пак, е во Желино – 9,03, Боговиње – 10,49и Центар Жупа 11,96 отсто.



Спонзорирани линкови

Маркетинг