Крај на шпионажата? Еве како можете да му наредите на Google да ги избрише податоците за вашата локација и активности

Точка

03/05/2019

17:15

3.332

Големина на фонт

а а а

Податоците ќе бидат отстранети од Google од три до 18 месеци откако се складирани на серверите на технолошкиот гигант.

Јасно е дека на многумина не им се допаѓа фактот дека Google го следи секој наш чекор, а корисниците кои што не сакаа технолошкиот гигант да знае точно каде се наоѓаа, досега мораа рачно да ги бришат забележаните локации и потоа да му забранаат на Google и натаму да ги бележи тие податоци.

Но, под притисок од различните правила за приватноста, но и некои непријатни скандали, од Google одлучија на сите корисници да им овозможат да изберат временски период во кој сакаат Google да прибира податоци за нивните навики.


Така, новата опција која постепено ќе се воведува ќе им овозможи на корисниците да ја бришат историјата на локации, како и историјата на активностите на интернет и во апликациите.

Корисниците ќе можат да изберат од три до 18 месеци, по што Google (барем како што тврдат), ќе ги избришат тие податоци. Исто така, треба да се нагласи дека тоа не значи дека ќе биде укината можноста за рачно бришење на податоците. Таа опција и натаму ќе биде тука доколку не сакате Google да го следи секој ваш чекор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг