Бошњаците, Власите и Турците со поддршка за Силјановска Давкова

Нетпрес

03/05/2019

14:38

1.333

Големина на фонт

а а а

Партиите на бошњачката, влашката и турската заедница во Република Македонија во петокот во одделни соопштенија до јавноста изразија поддршка за вториот круг од претседателските избори во недела за кандидатката поддржана од опозицијата, Гордана Силјановска Давкова.

По повод вториот круг на претседателските избори, се обраќам до членовите и симпатизерите на ПВМ, да излеземе масовно на 5-ти мај во недела и да помогнеме да се врати правдата во Република Македонија. Затоа што без владеење на правото и без правдина нема правна држава, а без правна држава не се оди во ЕУ и НАТО, порачува лидерот на Власите во Македонија, Мите Костов.

Глас за Стево Пендаровски е глас за Зоран Заев и сите криминали на власта, корупцијата, уривање на државата институциите и погазување на достоинството на секој еден граѓанин од оваа држава. Со гласање и поддршка за професорката Гордана Сиљановска Давкова ние гласаме за враќање на правната држава и почитување на Уставот и законите, затоа што само така можеме да одиме напред и достоинствено да чекориме кон ЕУ и НАТО, напиша на Фејсбук, Мите Костов Папули.

Бошњаците, пак, порачуваат дека на 5-ти мај треба секој граѓанин по треба по сопствено убедување да донесе важна и значајна одлука по кој пат ќе се движи во иднина Македонија и да го даде својот глас за еден од двајцата кандидати Стево Пендаровски или Гордана Силјановска Давкова, и притоа се истакнува .

„Почитувани граѓани, иако од СДСМ на големо се славеше веста дека добивме датум за почеток на преговори со ЕУ, која вест за жал беше невистинита и беше само обична манипулација со граѓаните заради партиски интереси.

Втора година по ред нема дата за почеток на преговори (иако на митинзите го лажат народот дека ова лето ќе го добиеме) бидејќи земјите од европската ЕУ јасно и недвосмислено му кажаа на Заев дека без суштински реформи,во економијата, образованието, владеењето на правото, здравството, корупцијата, непотизмот и обемната и неефикасна администрација нема добивање на дата за почеток за преговори со ЕУ.

Да се вратиме малку наназад и да се присетиме на кој начин се изгласа капитуланскиот Преспански договор со Грција, на кој начин и со какви невидени уцени, притисоци и поткуп на пратениците за да гласаат за отваранје и промена на уставот на Р.Македонија.

Владата на СДСМ не донесе ниту една реформа, не изгради ниту еден метар пат, не донесе ниту една странска инвестиција а граѓаните мака мачат да презивеат од 1до1, се е повеќе сиромаштија и се повеќе граѓани ја напуштаат нашата татковина. Безправна дрзава нема ниту реформи ниту добра економија ниту просперитет за сите граѓани.

Многупати сме кажале и ќе повториме: Сѐ што започнува со лага, со лага и завршува.. а невистината е лајт мотивот на врхушката на СДС, кои го молат бога да не се добие дата за преговори како би можеле и понатаму да се богатат на грбот и маката на сите граѓани на Р.Македонија. Глумат некоиси реформатори и душегрижници на својот народ, а главна цел им е нивното незаконско богатење и распрачување на сето она што е стекнато пред нивното доаѓање на власт.

Почитувани граѓани на Р.М знам дека секој од вас ќе гласа по свое лично убедување и дека секој од Вас кој глуми патриот лажејќи го својот народ. Време е државата да тргне по правиот пат, вистинскиот пат, пат кој ќе води за доброто на сите нас без разлика на верската, етницката или политичката приоадбост, пат проткаен со право и правна дрзава, пат до кој секој од нас ќе биде горд, пат на вистината а не на лагата и пат за подобро утре за секој од нас и нашите поколенија, затоа треба на 5 мај масовно,сите ние (Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Власи, Роми, Торбеши, Египјани и останати) да излеземе и да гласаме будејќи се работи за нашата единствена татковина Р.Македонија.

Почитувани граѓани сите ние знаеме дека со гласањето за Гордана Силјановска-Давкова својот глас го даваме за владеење на правото и правната држава. Со заокружување на бројот 2 го враќаме владеењето на правото во Р.Македонија.

На крај би сакал да ја искористам можноста на сите граѓани од муслиманска вероисповест да им посакам со леснотија да го испостат светиот месец Рамазан, месец кој ги чисти нашите гревови и во кој месец со нашите молитви и нашиот пост сме му најблиски на нашиот створител“, се вели во изјавата на Демократско Бошњачката партија.

Претседателот на Движењето за национално единство на Труците во Македонија, Ердоган Сарач во денешното соопштение испрати јасна порака, дека тие цврсто застануваат позади Гордана Силјановска Давкова.

Ако сакаме сите да има право и правна држава, треба сите нашиот глас да го усмериме и да гласаме за проф. Гордана Силјановска Давкова, се вели во соопштението од партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг