СДСМ: Силјановска да одговори како нејзиниот сопруг купил куќа од државата додека таа била министерка

Макфакс

02/05/2019

18:40

1.229

Големина на фонт

а а а

По дознавањето дека додека Гордана Силјановска била министерка нејзиниот сопруг од тогашната влада добил профитабилен бизнис со фришоп, денеска во медиумите се појавија информации за нов случај на непотизам и судир на интереси на Силјановска, велат од СДСМ.

„Според јавно објавените информации, сопругот на Силјановска во 1993 година купил куќа во центарот на Скопје, која била во државна сопственост. Во тој период Силјановска сè уште била министерка во таа влада, што укажува на основано сомнение дека се работи за непотизам и судир на интереси“, велат од партијата.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, додаваат од СДСМ, мора да одговори пред граѓаните како и на кој начин токму нејзиниот сопруг купил куќа во државна сопственост на атрактивна локација во Скопје додека таа била министерка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг