Она што се случува во приватниот живот на пејачот, како и тоа дека не живее со својата сопруга, го откри нивен пријател. Со оглед на тоа дека Кајмакоски е јавна личност, јавноста секако е засегната и со неговиот приватен живот.
Изминативе неколку денови Кајмакоски не беше достапен за изјава, а по вестите во медиумите, не се огласи ниту Кристина. Но, очигледно дека на Даниел му дошле „преку глава“ ваквите пишувања, па решил да проговори и да стави крај на сè.
Даниел Кајмакоски само за Бекстејџ ја потврдува веста за неговиот развод, но и ги открива причините за истото. Кристина и Даниел имаат син, а како што наведува во меилот, тие остануваат во добри односи и заедно се грижат за своето дете. Напомена и дека ова му е прво и последно обраќање во јавноста за оваа тема.