Миа Костова: За секојдневието, храната, стравовите и љубовта

Точка

03/05/2019

16:17

17.155

Големина на фонт

а а а

Поразговаравме за нејзиното секојдневие, темпото на живот, нејзините стравови, љубовта и секако, нејзината најслаба точка. Миа Костова, искрено за Точка.

За разлика од повеќето јавни личности, ти не бегаш од публиката и многу моменти од секојдневието ги споделуваш со твоите следбеници на Инстаграм. Кој е мотивот кој стои зад тој начин на комуникација со публиката?

Немам конкретен мотив, тоа сум едноставно јас. Претежно се чувствувам лагодно кога го споделувам својот ден со јавноста. Мотивот ми се едноставно следачите односно нивната бројка која се повеќе расте.

Можеме да видиме дека си буквално на 100 страни и со еден куп обврски, а воедно и мајка која сама се грижи за своето дете. Како Миа успева да го избалансира сето тоа?

Само добра организација и точно време. Нема филозофија, ако се сака се постигнува буквално се и останува време и за себе.

Знаеме дека си гурман, дека уживаш во добра храна, но и дека брзо се враќаш во форма кога малку „ќе претераш“ со храната. Дали имаш време да готвиш и колку успеваш да внимаваш?

Готвам понекогаш, особено за пријатели и секако, готвам ручек за Андрија. Успевам да внимавам, затоа што сум карактер на таа тема. Претежно јадам салати и протеински лепчиња. Некогаш знам да грешам, а кога грешам тоа е баш „крваво“ хахаха.

Често ги спомнуваш Про Фит на твојот Инстаграм како храна која ти е спас во секој момент. Кажи нѝ нешто повеќе околу тоа?

Про Фит одлично се вклопија во мојот начин на исхрана. Порано бев многу почесто гладна, но откако ми се тука нивните протеински шејкови и барови, не останувам гладна во ниеден момент. Не сум на постојан режим, но речиси секојдневно јадам од храните на Про Фит и минимум два оброци ги заменувам со NuMe шејкови. Тие всушност ми го олсенија патот до посакуваната килажа.

Желба која ти е многу голема, а сè уште неостварена?

Немам таква. Сакам да сум исполнета среќна и здрава, а истото го посакувам и за моите блиски. Се она што го посакувам покрај ова, се трудам да го остварам и успевам во тоа.

Од што се плашиш најмногу?

Се плашам од нешто врз што немам контрола. Се плашам од болести, од смрт, од неубави настани кои не можеш да ги предвидиш. Други стравови речиси и да немам.

Која ѝ е слаба точка на Миа?

Слаба точка ми е Андрија. Човекот што го сакам. Слаба точка ми е и работата во која уживам.


Што сакаш да им порачаш на жените?

 Само да бидат посигурни во секој чекор и секогаш да го избираат она што го сакаат и она што ги прави среќни. Да излезат од комфор зоната и да го живеат секој ден со полни гради. Да не се оптеретуваат со околината, ниту со она што се зборува од страна.

Како се справуваш со негативните коментари по социјалните мрежи и дали паметиш некој коментар кој навистина те повредил?

Не допираат до мене често. Ги игнорирам и не влегувам во дискусија, за разлика од порано. Може да ме повреди единствено коментар поврзан со дете. Тогаш можам да исклучам и да не внимавам што ќе кажам.

Кој маж е најблиску до совршен според тебе и дали на секоја жена ѝ треба маж во животот?

Не знам дали постои совршенство. И глупаво е да го бараме. Она што ми е мене близу до совршено, на некој може воопшто да не му чини. Јас сакам посветен партнер. Сакам кога некој гласно ме сака на пример. Секоја жена има потреба од партнер во одреден период од животот. Понекогаш пак, е подобро да си сама за да видиш до каде си и да си посветиш време. Нема правила, важно е да си го слушате срцето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг