Ја нервираат гласините дека се дрогирала: “Никогаш во животот не сум земала хероин”

Точка

30/04/2019

15:26

2.324

Големина на фонт

а а а

Британскиот супермодел и една од најуспешните манекенки на сите времиња наводно драматично го променила својот стил на живот пред 18 месеци и оттогаш е трезна, а гласините за нејзината тешка зависност многу ја нервираат.

45-годишната Кејт Мос е на вистински пат на закрепнување, но постојано слуша зли коментари. 

“Никогаш во животот не сум земала хероин. Се продаваа маици со натпис “Кејт е наркоманка” и ми се случуваа ужасни работи. Ми доаѓаше да си кажам на себеси: “Можеби би било подобро да сум навистина на хероин”, изјавила таа.


Кејт Мос се прослави во 90-тите години, а во 2005 година компанијата “H&M” го раскина договорот со неа поради обвниненијата за поседување на наркотици. Во тоа време била во врска со британскиот рокер Пит Доерти. Иако тврди дека никогаш немала проблеми со тешките дроги, Мос своевремено била на рехабилитација поради алкохол.

“Мислев дека алкохолот ќе ме извлече, се наоѓав во лош период. Цел мој начин на живот ме правеше несреќна, а пијалакот не ми помагаше во тоа. Побарав помош кога сфатив дека повеќе немам контрола над својот живот”, истакнала таа во едно интервју.


Нејзините пријатели тврдат дека Кејт е моментално нова жена и многу подобра верзија од себеси, како и дека одлучила да се фокусира на своето здравје, особено по прераната смрт на неколку нејзини најблиски пријатели.

“Таа е фокусирана, професионална и зрачи со здравје. Сите се вчудоневидени колку добро ѝ оди без алкохол со оглед на тоа каква беше претходно”, раскажал извор близок до манекенката за “The Sun”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг