Венчавка од соништата: Инстаграм ѕвездата направи раскошна церемонија на плажа во Дубаи

Точка

25/04/2019

21:24

3.652

Големина на фонт

а а а

Данијел Лојд се венчаше со својот избраник Мајкл О-Нил во Дубаи. Малата, но раскошна и романтична венчавка на некогашната мисица на Велика Британија, направи „хаос“ на социјалните мрежи, а сите се воодушевени од луксузот во кој уживала Инстаграм ѕвездата.

Церемонијата е одржана во присуство на членовите на семејството и блиските пријатели, на плажа, а во позадина може да се види и познатиот хотел Бурж Ал Араб. 


Прославата продолжила до доцна навечер, а Лојд имала прекрасна венчавка за каква што сонуваат многу девојки.


Имено, големо внимание привлекла нејзината венчаница, а сите ѝ велеле дека блескала и изгледала прекрасно на својот голем ден.




Спонзорирани линкови

Маркетинг