“Спајсиците” повторно заедно по секс аферата, напорно вежбаат за повратничката турнеја

Точка

25/04/2019

21:09

4.268

Големина на фонт

а а а

Иако беше неодамна објавено дека поради секс скандалот, групата Spice Girls ја откажала својата турнеја, во новото видео се гледа како напорно ја вежбаат кореографијата за концертот во Лондон.

Ема Бантон се пофалила во друштво на девојките на Инстаграм, а покрај неа биле сите членки освен Викторија Бекам, што било и очекувано бидејќи таа најави дека не може да им се придружи на своите колешки поради деловните обврски. 

“Погледнете кој е тука!”, врескала Ема, додека зад неа во кадар скокале останатите “Спајсици” Мел Би, Мелани и Гери, што предизвика воодушевување кај фановите на оваа некогаш најпопуларна женска група.

За потсетување, Мел Би ја шокираше јавноста со неодамнешната изјава во емисијата на Пирс Морган дека спиела со колешката Гери Хорнер, во текот на најголемата слава на “Spice Girls” во деведесеттите години. Изгледа дека целиот скадал не предизвикал неслога помеѓу нив и дека односот на колешките е во најдобар ред.



Спонзорирани линкови

Маркетинг