За него тоа не е ништо: Славниот рапер се поднови со кревет од 100.000 долари

Точка

25/04/2019

20:41

3.804

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа кревет дизајниран според мерки за љубителите на видео игри, кој чини 100.000 долари?

Па, еве прилика да дознаете. Вообичаена пракса за раперите и другите славни личности е на Инстаграм на своите фанови да им ги покажат своите нови играчки, а оваа ултимативна гејмерска креација е претставена на Инстаграм-Стори на славниот рапер 21 Savage.

Краткото видео кое го објавил и пријателот на славниот рапер, ДЈ Академикс, исто така го претставува неверојатниот гејмерски кревет од 100.000 долари.

Savage го претставил креветот на социјалната мрежа и напишал: „Така влегуваме во 2019-та година. Сè е ексклузивно, сè е уникатно, нема ништо што не е на прво место. Вака изгледа кревет од 100.000 долари. Има завеси, и сето тоа... Уникатно!“

View this post on Instagram

#21savage copped a $100,000 bed.

A post shared by DJ Akademiks (@akadmiks) on

Главните карактеристики на овој кревет вклучуваат голем преден панел кој игра улога на големиот ТВ проектор, моторизираните завеси од страна и веројатно сите важни гејмерски конзоли и игри. Креветот исто така е опремен и со врвен аудио систем. Сепак, 21 Savage тврди дека овој кревет е уникатен без да сподели информации за дизајнерот. Нормално, некои луѓе сфатиле дека е во прашање персонализиран „Smart Bed“, односно кревет кој го дизајнирала компанијата Hi-Interiors.

Покрај очигледните гејминг способности, Smart Bed може да го следи вашиот сон, а перницата се прилагодува со допир на копчиња. Почетната цена на овој кревет е 40.000 долари. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг