Телохранителите на Ким не оставаат ништо на случајот: Пред состанокот со Путин имале специјална задача со која повторно го шокираа светот

Точка

25/04/2019

20:27

10.915

Големина на фонт

а а а

Пред да започне состанокот со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин, неколку детали го привлекоа вниманието на новинарите.

Телохранителите на Ким, кои го следат секој негов чекор, се грижат за тоа сè да биде под контрола. Затоа, пред почетокот на состанокот, тие внимателно го пребришале столчето на својот лидер со алкохол. По седиштето, го избришале и наслонот, ногарките и остатокот од дрвенаријата. 

Во текот на чистењето, телохранителите носеле бели ракавици кои го привлекоа вниманието и во средата кога го полираа возот со кој патувал Ким Јонг Ун.

За потсетување, двајцата лидери денеска за првпат се сретнаа во рускиот Владивосток.




Спонзорирани линкови

Маркетинг