Манчестер Јунајтед не се прослави на вчерашното дерби со Манчестер Сити кое го загуби со 2-0 со што дополнително си ги намали шансите за Топ 4 пласман, односно настап во Лигата на шампионите во наредната сезона.
Меѓутоа денеска освен што се зборува за настапот на „црвените ѓаволи“, во фокусот е и една информација поврзана со Алексис Санчез. Чилеанецот е вистинско промашување на Јунајтед и освен по неделна плата која изнесува 450.000 фунти по ништо друго не е запаметен неговиот досегашен престој на „Олд Трафорд“.
Тој вчера доби можност во самиот финиш, а за тоа заработи дополнителни 75.000 фунти. Имено тој од 83 минута до крајот имаше само еден допир со топката, ама поради клаузулата во договорот на неговото конто се легнати 75.000 фунти.
Агентот на Алексис, Фернандо Феличевич при потпишувањето на договор се изборил за една одлична ставка, па така офанзивецот за секој настап, дали од почеток или клупата го добива гореспоменатиот бонус.
Alexis Sanchez’s touch map vs City. #mufc [Opta] pic.twitter.com/TFJYp6GdJU
— United Xtra (@utdxtra) April 24, 2019