Салвини удри по Гатузо и неговите избраници: Ова е срамота!

Дерби

25/04/2019

19:30

2.133

Големина на фонт

а а а

Екипата на Милан доживеа пораз од Лацио од 1-0 во реваншот во полуфиналето на Купот на Италија со што уште еднаш ги разочара своите навивачи, бидејќи оваа елиминација значеше дека и оваа сезона клубот ќе остане без никаков трофеј.

Ова предизвика реакции, а една од нив беше на вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини. Тој е голем навивач на Милан, па незадоволен од тоа што го виде на „Сан Сиро“ удри во Џенаро Гатузо и неговите избраниците.

-Единствените кои го оставија своето срце, страст, решителност и идеи беа навивачите на Милан. Срамота, -порача Салвини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг