ФФМ го закажа финалето на Купот на Македонија

Точка

25/04/2019

18:45

1.218

Големина на фонт

а а а

Финалето на Купот на Македонија меѓу Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев ќе се одигра на 22 мај на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 18:30 часот.

Ова е инфрормацијата која официјално ја соопшти Фудбалската федерација на Македонија што значи борбата за пехарот се враќа во Скопје со оглед на тоа што изминатите две години Струмица беше домаќин на завршницата. Ова за „лавовите“ од Ѓорче ќе биде трето финале во ова натпреварување, во првото во 2006 година триумфираше против Шкендија, додека во 2009 загуби од Работнички.

За „пандевци“ ова ќе биде прва борба за пехарот, па останува да видиме кој на крајот ќе се радува на 22 мај во Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг