Концептното купе со врати кои се отвораат како крилја и каросерија изработена од јаглеородни влакна, од 0 до 100 километри на час ќе забрзува за импресивни 3 секунди.
Genesis, премиум брендот на Hyundai кој што работи во полна пареа од 2015-та година, на New York Auto Show воодушеви со напредниот концепт Genesis Essentia Concept.
Каросеријата на овој автомобил е изработена од полимерни композити зајакнати со јаглеородни влакна, а како погон се користат два електромотори со по 300 kW – едниот на предната, а другиот на задната осовина. Essentia Concept од 0 до 100 километри на час забрзува за само 3 секунди, а максималната брзина поради штедење на батериите е ограничена на 193 километри на час.
Секако, автомобилот ќе биде опремен со најсовремени технологии, а ќе има и автономија од 500 километри.
Откако ги мина сите тестирања како концептен модел, од Сеул доби зелено светло за развој за масовно производство, па овој електричен автомобил би можел да се појави на пазарот во 2021-ва година.