СЗО со предупредување: Еве колку време треба малите деца да поминуваат пред екран

Точка

25/04/2019

17:15

2.635

Големина на фонт

а а а

Светската здравствена организација (СЗО), денеска објави дека децата помали од пет години не би требало да поминуваат повеќе од еден час пред екран, а децата помали од една година воопшто.

Во првото упатство на агенцијата на Обединетите нации се наведува дека децата под пет години не би требало да поминуваат време пред екран повеќе од еден час секој ден, и дека колку помалку време поминуваат - тоа подобро.


Насоките на СЗО се донекаде слични на препораките на Американската аксдемија за педијатрија која предложила децата помлади од 18 месеци треба да избегнуваат екрани.

Некои групи навеле дека СЗО во одредени сегменти ја занемарила потенцијалната придобивка од дигиталните медиуми.


Директорот на истражувањето на интернет институт, Оксфорд, Ендрју Пшибилски, рекол дека СЗО во упатствата премногу се фокусирале на времето поминато пред екран и дека „не ја зеле предвид содржината и контекстот на користење“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг