Кристина Арнаудова: Постот е отсуство на лоши мисли и хуманост, секој ден од животот

Точка

25/04/2019

17:05

3.938

Големина на фонт

а а а

Денеска е Велики Четврток кога традиционално во православните христијански домови домаќинката бојадисува велигденски јајца. Овој обичај го практикува и нашата естрадна музичка ѕвезда Кристина Арнаудова. Но, има и помош во целата работа.

Имаш ли некои „домаќински финти“ што ги користиш при бојадисувањето на велигденските јајца, да не пукаат? 

- Имам. Кога се варат јајцата, најпрво ставам боја и бел оцет и јајцата ги ставам да се варат на тивко, подолго време, па така скоро секогаш сите се здрави, и никогаш не пукаат. Ова бојадисување на тивко, има ризик јајцата да останат живи, како што мене минатата година ми се случи, па затоа, треба да се варат барем полаовина час. Исто така, секоја година бојадисувам домашни јајца, па бојата никогаш не излегува како што очекувам, црвените се дреч розеви, зелените дреч зелени, и така натаму...Затоа ставам по две кесички боја во помалку вода, и бојам помалку јајца, за бојата да е поконцентрирана.

Ти помага Максим во „уметничкиот дел“, сака да учествува?

- Многу се радува на овој ритуал, и сака да ги лепи сликичките, да ги реди и прередува јајцата во кошничките и нормално најмногу од се сака да ги крши, па нечека да дојде Велигден, за да почне со кршењето.


Што подготвува Кристина за Велигденската трпеза?

- Немам некој традиционален рецепт, сакам да ми е се убаво накитено, шарено, а трпезата секој Велигден е различна. Во нашата земја, традиционално за Велигден се јаде печено јагне, но ние не јадеме јагнешко, па не се придржуваме до традиционалната трпеза никогаш. Без исклучок имаме мимоза салата, разбирливо зошто.

Како најчесто го поминувате Велигден и каде ќе бидете годинава?

- Годинава ќе бидеме на мал одмор, надвор од земјава. Секоја година сме на различно место, вообичаено тоа е првиот пролетен одмор во нашата земја , па едвај чекаме да ги однесеме децата на чист воздух.

Што би им посакала на твоите обожаватели на сите читатели на Точка.мк?

- Ако се вистински верници, нека ја следат пораката која Исус ја испратил со воскреснувањето. Да бидат секој ден чесни и добри луѓе, Постот не треба да е само за празници, постот и празнувањето ги разбирам како отсуство на лоши мисли и лоши дејствија, присуство на алтруизам, хуманост, секој ден од животот.

(A.B)



Спонзорирани линкови

Маркетинг