Фиџи е островска држава составена од повеќе од 300 егзотични острови, чија недопрена природа ќе ве маѓепса на прв поглед... Лоцирана во Јужниот Пацифик, големиот дел од островите се од вулканско потекло, меѓутоа денес не постои ниту еден активен вулкан.
Најголемите острови се Вити Леву и Вануа Леву, кои го зафаќаат најголемиот дел од вкупната површина на земјата, а остатокот го сочинуваат рајските оствочиња прекриени со бел песок, палми и бунгалови, во кој вашиот престој ќе ве потсетува на најубавиот сон...
Фиџи е познат низ целиот свет, по жителите кои се многу љубезни. Фиџијанците настанале со вкрстување на маланезијската, микронезиската, полинезиската, индиската и кинеската култура. Овој единствен народ со богата историја и култура, во минатото го карактеризирал канибализмот. Во музејот Фиџи, во Суви и денес може да се види чевлата на познатиот мисионер Томас Бекер, еден од најголемите жртви на канибализмот.
Неописливо убави плажи и тиркизното море се главните карактеристики на Фиџи. Секоја година оваа островска земја ја посетуваат приближно пола милион туристи од целиот свет, во периодот од април до септември.
Фиџи е навистина топ дестинација за сите оние кои преферираат пасивен одмор и целосно уживање во апсолутна егзотика. Светските туристички водичи набројуваат неколку места кои задолжително треба да ги посетите. Тоа се главниот град Сува, островот Тавенуи, рибарскиот рај Нануја Балаву, лагуната во Лаилаиу...