Мата се сели во Шпанија?

Точка

25/04/2019

15:54

1.260

Големина на фонт

а а а

Се чини дека Хуан Мата и дефинитивно ќе го напушти Манчестер Јунајтед по крајот на оваа сезона.

30-годишниот фудбалер за врска по крајот на сезоната ќе го напушти „Олд Трафорд“ и според шпанските медиуми, речиси сигурно ќе се пресели во редовите на Атлетико Мадрид.

Договорот на Мата со Јунајтед истекува по крајот на оваа сезона, а со оглед на тоа што засега нема никаква најава за негово продолжување на договорот со „Црвените Ѓаволи“, речиси сигурно е дека по крајот на оваа сезона Мата ќе го напушти англискиот клуб.

Атлетико Мадрид наводно биле први фаворити за неговиот потпис, а преговорите веќе започнале, по што се очекува наскоро Мата да потпише за Атлетико.

Шпанскиот фудбалер после пет и пол години ќе го напушти Јунајтед. Тој во клубот пристигна во јануари 2014-та година како големо засилување од Челси за 37 милиони фунти и со Јунајтед освои четири титули.



Спонзорирани линкови

Маркетинг