Илјадници бебиња царски пингвини се удавиле во морето кога тешките временски услови го уништиле ледникот на кој живееле.

Точка

25/04/2019

15:21

2.572

Големина на фонт

а а а

BBC потсетува дека оваа катастрофа се случила во 2016-та година во Веделовото море, а научниците објаснуваат дека колонијата пингвини живеела на тенок мраз кој бил поврзан со глечер, а дека постарите пингвини не се обиделе да ги префрлат младенчињата на посигурно место.

Тоа, меѓутоа, како што велат, најверојатно било бесмислено, бидејќи големата санта мраз на која живееле веќе се поместила. За големата загуба на младенчињата известувал тим од Британски научници на Антарктикот - BAS, откако докторите Питер Фретвел и Фил Тратан на фотографиите кои ги снимил сателит забележале исчезнување на колонијата. 

Животински измет имало во радиус од 800 километри, па на основа на тоа било заклучено колку пингвини исчезнале. Во оваа колонија во текот на минатите неколку децении се раѓале од 14.000 до 25.000 парови, па во суштина преку ноќ исчезнале пет до девет проценти од светската популација на пингвини.

Царскиот пингвин е најкрупниот вид на пингвин на кој му е потребна цврста ледена подлога која може да издржи до април, бидејќи младите птици на свет доаѓаат во декември. Доколку ледникот се стопи и се распадне пред време, младенчињата не се подготвени за пливање, бидејќи не се развиени во целост и немаат пераи за студена вода.

Докторот Фретвел за BBC рекол дека ледената подлога формирана во 2016-та година не била доволно цврста.

"Олујните ветрови кои дуваат во октомври и ноември почнале да дуваат порано. Дошло до некои промени во сезоната на ветрови", рекол тој.

Тимот BAS верува дека постарите преживеани птици поради размножување се преселиле на некои други места во морето.

Не е јасно зошто ледникот на кој живееле птиците никогаш не се опоравил, како што не постои прецизна климатска промена која довела до ваква појава, а атмосферските и океанските следења покажале мали промени.

Сепак, изгледа дека оваа колонија е чувствителна на промените и топењето на мразот, а тимот кој се занимава со овие истражувања вели дека загревањето на Антарктикот би можело да има сериозно влијание, посебно на царските пингвини. Истражувањето покажало дека, доколку мразот на Антарктикот се намали, би можеле да исчезнат 50 до 70 проценти од овој вид.

Докторите Питер Фретвел и Фил Тратан ги објавиле своите истражувања во списанието "Antarktic Science".



Спонзорирани линкови

Маркетинг