Собата во облик на огромен компир во која можете да преноќите стана вирален хит

Точка

25/04/2019

15:34

2.046

Големина на фонт

а а а

Веб-страницата “Airbnb” служи за пронаоѓање на станови и апартмани во кои ќе можете да отседнете кога се наоѓате во странство, а доколку сте љубители на необични места за преноќување, можете да изнајмите соба во облик на огромен компир за 179 евра.

Понудата во Бојси, во американската сојузна држава Ајдахо стана вирален хит и ги изненади љубителите на необичните сместувачки капацитети. Објектот во облик на компир тежи 6 тона, долг е 8,5 метри, широк 3,6 метри и висок 3,5 метри. Наменет е за престој на две возрасни лица, а истиот е резервиран од страна на туристи до крајот на мај. 


Според пишувањата на американските медиуми, овој необичен објект е направен во 2012 година за промоција на компирот во Ајдахо. Откако џиновскиот компир бил промовиран повеќе од шест години низ земјата, тој бил продаден на претприемачката Кристи Волфи која ја уредила внатрешноста и од него направила вистинска атракција.

“Отсекогаш сум го имала тоа на ум. Имав совршен имот и сакав еден ден да го купам тој компир и да го претворам во нешто кул”, изјавила Волфи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг