Апасиев: Бојкотот сега е контрапродуктивен, другари!

Нетпрес

25/04/2019

14:56

5.066

Големина на фонт

а а а

Димитар Апасиев од Левица повикува на гласање во вториот круг на претседателските избори кои се закажани за 5-ти мај. Според него, бојктотот на изборите е контраподуктивен.

Според Апасиев, за разлика од референдумот во 2018, каде што тој го заговараше бојкотот како легитимна опција и имаше онтолошка политичка смисла со продуцирани правно-релевантни последици, сегашниот бојкот на претседателските избори, а особено на решавачкиот втор круг, го смета за обичен ларпурлартизам и крајно несериозно и неинтелигентно постапување.

Во ваква „пата-пата“ ситуација, кога раскалашената власт на заевистите е на колена и пред тотален колапс – наше е само да ја поттурнеме во провалијата која самата си ја ископа. Па во нашата досегашна државно-правна историја не се има случено вакво политичко фијаско, ваков дебакл со вртоглав пад на рејтингот на една Влада, која за само две години изгуби околу 200.000 гласови!

Драги мои бивши соборци од Шарената револуција и од движењето Бојкотирам: не можете да се борите против квислиншкиот „Преспански договор“ кој ни го наметна името Република Северна Македонија без да имате институција која е овластена да ги покрене меѓународно-правните механизми на Обединетите нации. Затоа, токму во овој драматичен историски момент, во кој ја играме можеби најважната партија шах – ние мора да влечеме потези мудро и тактички прецизно. Нема да имаме втора шанса и нема да имаме време за импровизации и за лажни скромности, вели Апасиев.

Целата колумна на Апасиев можете да ја прочитате ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг