Вака звучи првиот потрес кој NASA го забележала на Марс

Точка

25/04/2019

14:37

2.525

Големина на фонт

а а а

Речиси пет месеци откако "InSight", првото вселенско летало посебно дизајнирано за проучување на длабоката внатрешност на далечните светови, пристигал на Марс, сондата успеала да го сними првиот "марсотрес".

Роботското летало на NASA, "InSight", забележало потрес на Марс, што е прв пат едно сеизмолошко тресење да биде забележано на друга планета, известиле од "Jet Propulsion Laboratory" во Калифорнија. 

Тоа се случило речиси пет месеци откако "InSight", првото вселенско летало посебно дизајнирано за проучување на длабоката внатрешност на далечните светови, да слета на површината на Марс за да ја почне својата двегодишна сеизмолошка мисија на Црвената планета.

Благото тресење, за кое научниците од лабораторијата "JPL" рекле дека веројатно станува збор за потрес, имало магнитуда од 2,5 и забележано било на 6-ти април.

Научниците уште ги анализираат податоците за овој, како и три послаби сеизмички сигнали кои ги забележале.

"Високата фреквенција и широкиот појас наликуваат на земјините потреси. Затоа сме уверени дека тоа е марсотрес", рекол францускиот научник Филипе Логноне, професор по геофизика и планетарни науки од универзитетот Париз Дидерот во Франција, кој е задолжен за овој експеримент.

Францускиот сеизмометар е поставен на површината на Марс во декември, неколку недели по слетувањето на "InSight".



Спонзорирани линкови

Маркетинг