Следната година пристигнува мјузиклот за Бијонсе и групата Destiny's Child

Точка

25/04/2019

14:15

1.408

Големина на фонт

а а а

Метју Ноулс, таткото на славната пејачка Бијонсе неодамна изјави дека во 2020 година ќе биде претставен мјузиклот за работата на женската група Destiny's Child со посебен фокус на подемот на неговата ќерка.

Тој истакнал дека овој мјузикл треба да понуди искрен поглед зад сцената за тоа како настана и како се развиваше една од најголемите женски групи на сите времиња. 

"Survivor: The Destiny's Child Musical" ќе биде раскажан од перспектива на Метју Ноулс и ќе ја следи групата од нејзините скромни почетоци сè до врвот на нивната слава.


"Имам чувство дека е време на светот да му овозможам да слушне, погледне и почувствува победата и неуспесите кои ги имав како сопруг, татко и менаџер кој ризикуваше сè во потрага за исполнување на соништата, како моите така и на луѓето кои ме опкружуваа", рекол Метју.


Мјузиклот премиерно би бил прикажан во Хјустон во 2020 година со надеж дека ќе дојде до сцената на Бродвеј и лондонскиот Вест Енд.

Во меѓувреме Бијонсе ги изненади фановите со објавата на новиот live албум како и документарниот филм на Нетфликс "Homecoming".




Спонзорирани линкови

Маркетинг