Рајскиот остров повторно ги дочекува своите гости

Точка

25/04/2019

13:35

3.285

Големина на фонт

а а а

„Daydreaming Island“ е одморалиште кое е достојно за своето име. На прекрасниот австралиски островски ланец, „Whitsundays“, во срцето на Големиот Гребен, се наоѓа еден песочен остров, кој е исто толку бајковит колку неговото име.

За првпат е отворен во 1939-та година, „Daydream Island Resort“ е приватно одморалиште кое е долго помалку од една милја, а прикриен е низ заливите и нуди неверојатна приватност. Од пред неколку денови, ова одморалиште е повторно отворено, со целосно нов изглед и погодности, после 18 месеци реновирање. 


Пред две години, невреме од четврти степен, го уништи овој остров, нанесувајќи му штета од речиси три милијарди долари. Меѓу многуте погодени одморалишта, се најде и „Daydream“, тоа изгубило струја и вода, својот главен погон и неколку градби.


Со повеќе од 72 милиони долари инвестиција, овој тропски рај, помина низ двегодишно реновирање, водено од компанијата „Hunt Designs“, што како резултат нуди 277 целосно освежени соби за гости и апартмани, во префинета палета од боите: окер, златна, и бледо сина. Редизајнираниот екстериер, сега содржи три нови базени- еден на плажата, еден „инфинити“ и еден надвор од централната лагуна, со што секој од нив има поглед на Големиот Гребен. Возрасните може да уживаат во делот на одморалиштето кој им е посветен само нив, со тивки предели, додека пак останатите гости може да уживаат во киното на отворено.


Исто така новиот дел од ова одморалиште е и „The Living Reef“, лагуната која се наоѓа меѓу островите и содржи подводен опсерваториум за повеќе од 100 видови на риби, корали и без'рбетници. Доколку отсекогаш сте сакале да знете повеќе за животот кој се одвива под вода, на располагање имате три морски биолози, кои ќе ви ги доловат сите детали на многу интересен начин. Доколку сакате, едноставно можете да се одморите на приватните и меки песочни плажи, каде што друштво најверојатно ќе ви прават папагалите. 





Спонзорирани линкови

Маркетинг