Роберт Безо е еден од совесните жители на планетата Земја и се грижи за чистотата. Разочаран што луѓето, барем поголемиот дел од нив не го следат неговиот пример и фрлаат отпад наоколу, тој одлучи на отпадот да му даде друга намена! Имено, овој Канаѓанец собирал расфрлани пластични шииња и од нив направил село.
Селото се наоѓа на островот Боркас дел Торо во Панама.
Намерата на Роберт е да им укаже на луѓето дека пластичните шишиња можат да се искористат за следните работи: изолација, изградба на привремени засолништа, штали, амбари, базени, тенкови за вода, системи за наводнување, патишта.
Неговата главна цел е да им го привлече вниманието на луѓето дека планетата ни се наоѓа во тешка состојба и дека е затрупана со отпад.
На островот на кој е сместен овој проект, земјиштето е ефтино, а успеал на своето парче земја да го смести и "Пластичниот затвор", местото каде луѓето може да преспијат, но и со своите деца да учат за загадувањето на планетата.
Канаѓанецот се пофалил дека куќите кои се наоѓаат на островот се многу модерни, изградени од рециклирани материјали. Вели и дека на куќите не им е потребна клима уред, бидејќи во нив е доста пријатно.
Тука се наоѓа и "Пластичниот дворец", кој содржи две соби, апартмани и ресторан со убав поглед. Островот годишно го посетуваат 100.000 луѓе.